Со новиот закон не се забранува абортусот, велат собраниски извори што работеле на предлог-законот, кои засега не сакаат јавно да говорат за новите законски предлози.
Тие инсистираат дека и според новите предлози, жената е таа што го има последниот збор во врска со нејзината бременост.
Притоа се тврди дека со предлозите жените ќе добијат повеќе информации пред да ја донесат одлуката. Според нив, измените во законот се советување и објаснување пред процедурата и давање период од 72 часа за размислување пред да се изврши абортусот.
Според нив многу е важно мајките да имаат можност со користење ултразвук да дознаат повеќе информации за детето и притоа ги обвинуваат деловите од невалдиниот сектор, кои, според нив, се обидуваат да ја дезинформираат јавноста. Инсистираат дека се работи за процедура преку која жената ќе биде информирана пред да направи сериозен медицински потфат.
Постојниот закон за прекинување на бременост датира од пред 35 години и од тогаш, и покрај големиот медицински и научен напредок, тој не е менуван, а целта на промените во законот е да се модернизира здравствениот систем, при што главната цел е целосно и соодветно информирање особено на женскиот дел од населението. Предлагачите сметаат дека со измените на законот во иднина ќе се спасат многу човечки животи, кои Македонија ги загубила поради нессодветното едуцирање на жените за овој проблем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството
-
14-годишното девојче што абортираше минало месеци пекол, ОЈО кривично гони три лица
-
Измени во Законот за минимална плата
-
Данев: Изборен закон не се носи без консултации со опозицијата