| четврток, 6 декември 2018 |

За 40 отсто намален бројот на илегални емигранти што влегуваат во САД

Влегувањето на американска територија од страна на „лица што не ги исполнуваат условите“, односно илегални емигранти, минатиот месец се намали за 40 отсто во споредба со јануари, објави американската Влада.

– Намалувањето на бројот на приведени лица покажува значајна промена на трендот – истакна американскиот министер за внатрешна безбедност Џон Кели, оценувајќи дека за тоа е заслужна политиката на претседателот Доналд Трамп.

Кели нагласи дека „по спроведувањето на извршните уредби за поддршка на законот во областа на миграцијата, бројот на приведувањата и влезот на лицата што не ги исполнуваат условите за легална емиграција достигнал месечен минимум во последните пет години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top