
Граѓаните на Куманово и вечерва се приклучија на маршот во организација на иницијативата „За заедничка Македонија“.
На седмиот протест во овој град, кумановци побараа да не се воведува двојазичност, да се зачува унитарноста на држава, да не се дозволи промена на Уставот.
Оваа вечер, кумановци се собраа кај Соколанскиот парк и поминаа низ главните градски улици повикувајќи ги граѓаните да им се приклучат во напорите во зачувувањето на унитарноста на државата.Граѓаните пееја македонски патриотски песни и извикуваа Македонија.
Маршот заврши пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, каде што беше најавено дека и утре ќе се одржи марш кој ќе започне во 18 часот кај спортската сала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


