Поттикнување на мажите и жените да размисуваат критички за родовата (не)еднаквост преку уметност, филм и музика има за цел осмото издание на „Вечери на женски права“ што од 3. до 9 март се одржува во Младинскиот Културен Центар – Скопје, во организација на Центарот за истражување и креирање политики.
Настанот „Вечери на женски права“ нуди алтернатива во прославувањето на Меѓународниот ден на жената 8 март и за таа цел денеска се организираат повеќе настани.
Изложба на ракотворби од жени со посебни потреби, поддржан од Национален совет за родова еднаквост, НВО Порака и Дом „Мајка Тереза“ од Злокуќани, ќе се одржи во просториите на „Даре Џамбаз“.
Феминистичката иницијатива „Бори се женски“ ќе одржи перформанс на тема економското јакнење на жените и неплатената работа на грижа на плоштадот „Македонија“, паркот „Жена борец“ и плоштадот „Карпошово востание“.
Во рамки на настанот, во 17 часот ќе бидат свечено отварени просториите на организацијата „Една може“, а главен акцент на дента е проекција на документарен филм „Срцет на жената“ од Адрејка В. Скрачиќ.
Настанот традиционално се организира од 2010 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст