Во Грција е промовирана нова централно-десничарска политичка партија, за која се смета дека има блиски врски со таканаречената Караманлис фракција во опозициската Нова демократија.
Манифестот на новата партија, која се нарекува Мрежа на грчки радикали, го потпишаа Савас Цитуридис и Никос Циарционис, кои беа министри во конзервативната влада на Костас Караманлис од 2004 до 2009 година.
Промовирањето на партијата се одржа вчера, на тринаесеттата годишнината од изборната победа на Караманлис на 7 март 2004 година.
Новата партија сака да даде „активен и значителен придонес за отворени и организирани консултации со цел обликување на националниот план за надминување на кризата“, се вели во партискиот манифест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст