| четврток, 6 декември 2018 |

На Меѓународниот ден на жената: Марш за човекови прави

Националниот совет за родова рамноправност во соработка со Здружението на лица со телесен инвалидитет Мобилност Скопје, Домот за стари лица „Мајка Тереза“ од Злокуќани и организацијата „Зур Артикрафт“ организира изложба и базар на ракотворби

Меѓународниот ден на жената – 8 Март денеска ќе биде одбележан во Македонија. По повод празникот, Платформата за родова еднаквост ќе организира Марш за човекови права, кој ќе почне напладне од плоштадот Карпошово востание, ќе продолжи преку Камениот мост и плошта дот „Македонија“ и ќе заврши во паркот „Жена-борец“.

Националниот совет за родова рамноправност во соработка со Здружението на лица со телесен инвалидитет Мобилност Скопје, Домот за стари лица „Мајка Тереза“ од Злокуќани и организацијата „Зур Артикрафт“ организира изложба и базар на ракотворби.

Статистичките податоци говорат дека во Македонија од вкупниот број на население, 49,9 проценти се жени и оти тие живеат 3,9 години подолго од мажите.

Во однос на мажите поголем е и бројот на дипломирани жени, односно 57,1 процент, како и бројот на жени магистри односно 58,6 проценти. Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година имало и 143 жени доктори на науки.

Вкупно биле вработени 282.078 жени, а кои 76,3 проценти биле вработени во компании во приватна сопственост. Над 95 проценти од жените се вработени со цело работно време.

Меѓународниот ден на жената е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 година во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на 19 март 1911 година овој празник по прв пат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top