-Без разлика каде е пишувана физички, платформата е заверена со фотографија, со средба и со печат во Тирана. И тоа само го покажува комплексот на некои политички партии, на Албанците кај нас на немање доволно самостојност и интегритет нешто да направат заеднички, а сепак тоа да биде автентично, изјави вечерва во Топ-Тема на Телма, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
-И втората работа што е уште поважна имавме избори на кои граѓаните се произнесоа за програма, не можете вие после избори да му наметнете на оној кој гласал за ДУИ за ВМРО, за БЕСА и за било кој друг да му наметнете програма или платформа за која не се изнел пред и за време на изборите и тоа е изигрување на волјата на граѓаните. Јас се согласувам со тие кои што тврдат дека оваа платформа не е направена ниту создадена Македонија да биде посуверена држава, оваа платформа кога ќе ја видите содржи елементи кои го разоруваат ткивото на унитарноста на Република Македонија. И затоа сметам дека истата треба да биде одбиена и отфрлена, истакна Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст