Граѓани на Штип и вечерва со мирен протестен марш, кој почна пред Соборниот храм „Свети Никола“, ја поддржаа Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Учесниците на протестот порачаа дека нема простор за разнебитување на државата и дека се против воведување двојазичност. Поради актуелната политичка криза, тие побараа веднаш да се спроведат и предвремени парламентарни избори и што побрзо да се распишат локалните избори.
Штипјанката Магда Обрадова порача дека Македонија е држава која е стара повеќе од две илјади години и дека македонскиот народ нема да дозволи таа да се распарчи.
– Повеќе нема народ за лажење, Македонија е унитарна и единствена. Нема да дозволиме нечија туѓа странска платформа да биде прифатена од народот, рече Обрадова, која беше меѓу учесниците на маршот кои со транспаренти поминаа низ улиците во центарот на Штип.
Мирни протести за поддршка на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ попладнево имаше и во Радовиш и Пробиштип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст