| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува најголемата операција на Викиликс: Од денес објавува заштитени документи од ЦИА

wikileaks

Од денеска на сајтот на „Викиликс“ започнува објавување на серија на податоци украдени од Централната разузнавачка агенција (ЦИА). Администрацијата на порталот соопшти дека таа серија на протечени материјали од ЦИА ќе се нарекува „Волт 7“, содржи информации за глобалниот надзор на американските разузнувачки агенции.

„Првиот дел од серијата ‘Нулта година’ се состои од 8.761 документ и фолдери извлечени од затворената мрежа со висок степен на заштита во која се наоѓаат во Центарот за кибернетичка интелегенција во Ленгли Вирџинија“, се наведува во соопштението на „Викиликс“.

„Викиликс“ прецизира дека „Нулта година“ го покаува обемот на програмите на ЦИА за тајно хакување на рзлични уреди на Ајфони на ЕПЛ, андроид телефони на Гугл и Мајкрософт Виндоус, како и Самнсунг телевизори со помош на вирус може да се претворат во прислушни уреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top