| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска никако не се позајмуваат пари: Денеска е Наоѓање на моштите на св. маченици што пострадаа во Евгенија

Денеска, според народното верување, не треба да се прават свадби, свршувачки, кумства, побратимства, не се земаат позајмици, ниту се дава заем, не се гради куќа, ниту нешто околу куќата.

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 февруари. Православните христијани го слават празникот Наоѓање на моштите на св. маченици што пострадаа во Евгенија.

Во времето на императорот Аркадиј (395-408), на некојси клирик Никола Краснописец Бог му го откри местото каде што се наоѓаа моштите на неколкумина маченици. Тоа место се наоѓаше во градот Евгенија. Се претпоставува дека меѓу нив се и моштите на свети Андроник и Јунија, кои апостолот Павле ги спомнува во посланието до Римјаните. Од таа причина, царот Андроник Први во дванаесеттиот век, над моштите на овие маченици, подигна црква посветена на свети Андроник.

Од овој ден почнуваме да се подготвуваме за почетокот на претстојниот голем Велигденски пост.

Денеска, според народното верување, не треба да се прават свадби, свршувачки, кумства, побратимства, не се земаат позајмици, ниту се дава заем, не се гради куќа, ниту нешто околу куќата.

Обичајот налага во вечерните поклади да се соберат пријателите, роднините и соседите по гумната и да се забавуваат со шеги и разни игри, а кога ќе падне мрак палат голем оган и се седи до полноќ.
За поклади обично се подготвува богата трпеза и се повикуваат сиромашни соседи и пријатели за добро да се омрсат во заедничкиот обред.

Народното верување е дека оние што нема да подготват богата трпеза на овој ден цела година ќе оскудеваат во сè.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top