| четврток, 6 декември 2018 |

Tие се најздравите луѓе во Америка и не се разболуваат од рак

Експерти го истражиле нивниот начин на живот и прехрана што ги довело до неочекувани резултати.

Неодамнешната студија објавена во магазинот „Caner Causes and Control” (Причини и контрола на ракот), откриено е дека меѓу Амишите скоро и да нема случај на рак и дека тие се најздравите луѓе во Америка.

Експертите од Универзитетот во Охајо започнале со студијата за Амишите со цел да откријат дали влијае нивниот недостаток на конвенционална медицина, на зголемувањето на ризикот од добивање рак. Меѓутоа, тоа што го откриле целосно ги изненадило.

Откриено е дека Амишите имаат значително помалку шанси да заболат од рак во однос на остатокот на населението, па експертите се одлучиле малку подобро да го истражат нивниот начин на живот, прехрана и да се обидат да најдат поврзаност со неочекуваното откритие.

Многу Амиши не пушат и не пијат и главно не се промискуитетни, што експертите ги довело до заклучок дека ваквиот начин на живот има важна улога во намалувањето на ризикот на добивање рак.

Меѓу останатите фактори е и количината на физичка работа. Многу Амиши се занимаваат со земјоделство, градежништво и други работи кои бараат огромна количина на физичка активност која ги прави здрави.

Додека остатокот на Америка седи пред малите екрани по цел ден, Амишите вредно работат. Експертите веруваат дека токму тоа допринесува за нивното одлично здравје.

Уште еден важен фактор е и тоа дека Амишите самите ја одгледуваат својата храна.

Користат органски методи со кои се добива здраво овошје и зеленчук, здраво млеко и месо и необработена храна каква многу Американци, а и многу други никогаш нема да пробаат.

Иако многумина го исмеваат нивниот начин на живот, ги сметаат за заостанати, посветеноста на Амишите на простиот живот со чиста локална храна која им донесува добро здравје, претставува начин на живот за кои всушност остатокот од светот може само да сонува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top