| четврток, 6 декември 2018 |

Пониски трошоци на живот и цени на мало во февруари

Трошоците на живот во февруари во однос на јануари годинава  се намалени за 0,5 проценти, а цените на мало за 0,6 проценти. Во споредба со февруари лани, трошоците на живот бележат пораст од 0,2 проценти, а цените на мало од 1,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Намалувањето на трошоците на живот во февруари во однос на јануари годинава е резултат на пониските индекси на свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот, за 16,3 проценти, свежото и разладеното овошје за 5,3 проценти, полномасното млеко за 0,8 проценти, другите преработки од месо за 0,3 проценти, лебот и житата, јајцата и маслото и маснотиите за 0,2 проценти.

Статистиката евидентира пониски трошоци на животот и кај авионскиот превоз на патници за 31,5 процент, собирањето смет за 4,7 проценти, туристичките пакет-аранжмани за 3,8 проценти, течните горива за домаќинствата за процент, отпадната вода за 0,9 проценти, играчките, игрите и хобија за 0,8 проценти, велосипедите за 0,7 проценти,  мебелот за домаќинствата за 0,5 проценти, материјалите за одржување и поправки на станот, услугите за лична хигиена и предметите за лична хигиена и здравје за 0,2 процента.

Според ДЗС, пораст на трошоците на животот во февруари во споредба со јануари годинава, е забележан кај замрзнатите морски плодови за 4,3 проценти, безалкохолните пијалаци за 1,8 проценти, другите преработки од риба и морските плодови за 1,7 проценти, другите млечни производи за  процент, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,7 проценти, сувото овошје и јаткастите производи за 0,4 проценти, месото и замрзнатото овошје за 0,3 проценти, сирењето и урдата, сушеното, соленото и чаденото месо, замрзнатиот зеленчук, освен компири, и другите прехранбени производи за 0,2 проценти.

Во февруари, исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај весниците, книгите и канцеларискиот материјал за 4,6 проценти, гасот за домаќинствата за 4,3 проценти, болничките услуги за 3,5 проценти, телефон и телефакс апаратите и телефон и телефакс услугите за 3,4 проценти, градините, растенијата и цвеќињата за 1,8 проценти, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 1,3 проценти, средствата за чистење и одржување на станот и угостителските услуги за еден процент, лековите и информатичката опрема за 0,9 проценти, облеката за 0,6 проценти, обувките за 0,5 проценти, цврстите горива за домаќинствата, големите апарати за домаќинствата и другите услуги за опрема за сопствен превоз за 0,4 проценти, услугите за одржување и поправки на станот, снабдувањето со вода и услугите за рекреација и спорт за 0,3 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top