| четврток, 6 декември 2018 |

Суперстар диџејот Афроџек доаѓа на „Охрид колинг“

Ник ван де Вал, во јавноста познат како Афроџек, премиерно ќе настапи ова лето во Македонија, и тоа на второто издание на фестивалот „Охрид колинг“, ноќта спроти Илинден, на 1 август, на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.

Како што соопштува организаторот „Авалон продукција“, Афроџек ќе настапи како хедлајнер на првиот ден од фестивалот „Охрид колинг“ и сите љубители на неговата музика ќе имаат можност во живо да ги чујат неговите најпознати хитови, додека главната улога на вториот фестивалски ден ќе му припадне на веќе најавениот артист, светски познатиот диџеј и продуцент Хардвел.

unnamed (1)

Афроџек зад себе има награда „Греми“, а неколку години по ред, како и годинава, се наоѓа во топ-10 најдобри диџеи според сите релевантни диџеј-листи.

Тој е познат и по соработките со Дејвид Гета, Бијонсе, Питбул, Не-Јо, Ники Минаж и Скрилекс, кои се само дел од светски познатите музичари со кои досега соработувал.

Светската популарност ја стекнува со првиот албум со наслов „Forget the World“ кој го лансира во ѕвездите и му осигура место на сите големи светски и европски фестивали, како „Ултра мјузик фестивал“, „Тумороуленд“, а тука се и редовните резидент-свирки во клубовите низ Ибица.

„Охрид колинг“ годинава ќе добие една поинаква димензија, па така фестивалот кој за брзо време стана препознатлив бренд во Македонија и на Балканот, годинава ќе трае два дена, од 1 до 2 август, со што Охрид навистина ќе стане огромна туристичка атракција ова лето за посетителите од цела Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top