| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид најави офанзива во летниот преоден рок, прв пик Еден Азар!

eden-azar

Шпанскиот гигант Реал Мадрид доби дозвола за трансфери во летниот преоден рок, откако казната од ФИФА беше намалена, па раководството се подготвува интензивно за да ангажира неколку засилувања за следната сезона. Претседателот Флорентино Перез сака да доведе нова голема ѕвезда, а тоа треба да биде Еден Азар, белгискиот интернацоналец од редовите на Челси. Шпанските медиуми веќе најавуваат дека Реал Мадрид ќе ја чува „десетката“ на Џејмс Родригез, кој во летниот преоден рок најверојатно ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“, токму за Азар.

Зинедин Зидан е голем фан на играта на Еден Азар, а и Белгиецот во неколку свои интервјуа истакна дека има животна желба да соработува со Французинот, кој е еден од неговите фудбалски идоли. Челси нема да го продаде Азер за сума помала од 70 милиони фунти, но Реал Мадрид ќе ослободи дел од буџетот со продажбата на Џејмс Родригез и на Алваро Мората. Неизвесна е и судбината на Иско, па јасно е дека во Мадрид ќе има значајни промени претстојното лето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top