| четврток, 6 декември 2018 |

Иван Бекјарев, популарниот Курчубиќ: Имав среќа да глумам во многу познати серии

По­пу­лар­но­ста на уло­га­та во но­ва­та се­ри­ја че­сто ја по­бе­ду­ва­ше по­пу­лар­но­ста во ста­ра­та се­ри­ја. Та­ка пр­во бе­ше се­ри­ја­та „Ба­њи­ца“, ко­ја, на еден на­чин, и ме прос­ла­ви и за ко­ја во ан­ке­та на ма­ке­дон­ски­от вес­ник „Ве­чер“ бев прог­ла­сен за те­ле­ви­зи­ска лич­ност на го­ди­на­та во то­гаш­на Ју­гос­ла­ви­ја во кон­ку­рен­ци­ја со Лин­да Еванс и „Ди­на­сти­ја“, ве­ли Бек­ја­рев во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“

Иван Бек­ја­рев (70) е срп­ски филм­ски и те­а­тар­ски актер со ма­ке­дон­ско по­тек­ло. Во из­ми­на­та не­де­ла бе­ше во Скоп­је, ка­ко дел од еки­па­та што го про­мо­ви­ра­ше срп­ски­от филм „Зо­не Зам­фи­ро­ва 2“ ка­де што тол­ку­ва ед­на од уло­ги­те. До­де­ка ја че­кав­ме еки­па­та на „Зо­не 2“ не­кол­ку ли­ца стрп­ли­во че­каа да дој­де Бек­ја­рев, прет­ста­ву­ва­ќи се де­ка му се род­ни­ни.

Ро­ди­те­ли­те на Бек­ја­рев по­тек­ну­ва­ат од Ма­ке­до­ни­ја. Не­го­ви­от та­тко пред по­че­то­кот на Вто­ра­та свет­ска вој­на до­шол во Бел­град, а мај­ка­та Рад­ми­ла, ко­ја по­тек­ну­ва од Ге­вге­ли­ја, во Бел­град дош­ла во 1945 го­ди­на.

Бек­ја­рев сла­ва­та ја здо­би со уло­га­та на Вуј­ко­виќ во те­ле­ви­зи­ска­та се­ри­ја „Ба­њи­ца“ и со Ста­ван Кур­чу­биќ во „По­до­бар жи­вот“. Во не­го­ва­та бо­га­та ка­ри­е­ра се за­пи­ша­ни мно­гу­број­ни те­а­тар­ски и филм­ски уло­ги. По­ве­ќе од 30 го­ди­ни бе­ше член на Ју­гос­ло­вен­ско драм­ско по­зо­ри­ште, а ра­бо­те­ше и ка­ко про­фе­сор по глу­ма на Ака­де­ми­ја­та „Бра­ќа Ка­риќ“.

Во ин­терв­ју за не­дел­ни­кот „Ре­пуб­ли­ка“ ве­ли де­ка до­а­ѓа во Ма­ке­до­ни­ја би­деј­ќи ту­ка има мно­гу при­ја­те­ли и род­ни­ни.

Ivan Bejkjarev (Custom)

Во фил­мот „Зо­на Зам­фи­ро­ва 2“ го тол­ку­ва­те ли­кот Стра­ти­мир. Кој е Стра­ти­мир? Мо­же ли да ни ка­же­те не­што по­ве­ќе за ли­кот?

БЕКЈАРЕВ: Стра­ти­мир е но­ви­нар во фил­мот. Тој е хро­ни­чар на вре­ме­то во кое се оди­гру­ва дејс­тво­то. Мо­же­би е и шпи­он. Во се­кој слу­чај, тој за­пи­шу­ва што се слу­чу­ва во ме­сто­то и, се раз­би­ра, тоа го об­ја­ву­ва во вес­ни­ци­те. Мо­же­би тоа е и „жолт пе­чат“ би­деј­ќи об­ја­ву­ва и тра­че­ви. Тоа не е го­ле­ма уло­га, но е мно­гу ефект­на. Си­те ние ста­ри­те акте­ри во „Зо­не Зам­фи­ро­ва 2“ сме во служ­ба на мла­ди­те акте­ри, кои се од­лич­ни . Ние сме под­др­шка на мла­ди­те акте­ри, кои ги игра­ат глав­ни­те уло­ги. Ние по­во­зрас­ни­те игра­ме спо­ред­ни уло­ги.

Ва­ше­то по­тек­ло е од Ма­ке­до­ни­ја. Да­ли до­а­ѓа­те че­сто ту­ка? Има­те ли род­ни­ни и при­ја­те­ли во Ма­ке­до­ни­ја?

БЕКЈАРЕВ: Па да, до­а­ѓам че­сто. Имам и при­ја­те­ли и род­ни­ни. Во Бел­град сме са­мо јас и мо­јот брат со сво­и­те се­мејс­тва, а си­те дру­ги род­ни­ни ни се во Скоп­је и во Ге­вге­ли­ја. До­а­ѓам че­сто, но би мо­жел и по­че­сто.

Има­те бо­га­та актер­ска ка­ри­е­ра, ка­ко на филм­ско­то плат­но, та­ка и во те­а­тар. Има­те ли не­што по­себ­но да изд­во­и­те?

БЕКЈАРЕВ: Па, си­гур­но, нај­до­бар е тој пер­и­од, кој, за сре­ќа, бе­ше долг, по­ве­ќе од 30 го­ди­ни бев член на „Ју­гос­ло­вен­ско драм­ско по­зо­ри­ште“ во Бел­град. Пос­лед­ни­те 20 го­ди­ни, глав­но, се пре­фр­лив во пе­да­го­ги­ја. Ра­бо­тев ка­ко про­фе­сор на ака­де­ми­ја и се­га сум пен­зи­о­нер. Се пен­зи­о­ни­рав ка­ко про­фе­сор. Но, акте­ри­те ни­ко­гаш не одат в пен­зи­ја. Јас и по­на­та­му ра­бо­там. Еве се­га на филм, сни­мив уште еден филм, чи­ја­што пре­ми­е­ра бе­ше во ја­ну­а­ри. Се­га тре­ба да поч­нам да ра­бо­там ед­на се­ри­ја. Имам ед­на прет­ста­ва во те­а­тар. Мис­лам де­ка со таа прет­ста­ва на­ско­ро ќе би­де ор­га­ни­зи­ра­на и тур­не­ја низ Ма­ке­до­ни­ја. Прет­ста­ват се ви­ка „Ри­а­ли­ти прес­ме­тка“. Тек­стот е на но­ви­на­рот Ва­ња Бу­лиќ. Во прет­ста­ва­та има три ли­ка, кои ги тол­ку­ва­ме јас, Да­ни­ца Је­фтиќ и Игор Дам­ја­но­виќ. Мис­лам де­ка таа прет­ста­ва мно­гу бр­зо ќе ја ви­ди и ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка. Има ра­бо­та, тоа е нај­важ­но.

Да­ли уло­га­та на Сте­ван Кур­чу­биќ Ви ја од­бе­ле­жи ка­ри­е­ра­та?

hqdefault

БЕКЈАРЕВ: Па, да. Јас имав сре­ќа да глу­мам во ед­на во дру­га се­ри­ја. По­пу­лар­но­ста на уло­га­та во но­ва­та се­ри­ја че­сто ја по­бе­ду­ва­ше по­пу­лар­но­ста во ста­ра­та се­ри­ја. Та­ка пр­во бе­ше се­ри­ја­та „Ба­њи­ца“, ко­ја, на еден на­чин, и ме прос­ла­ви и за ко­ја во ан­ке­та на ма­ке­дон­ски­от вес­ник „Ве­чер“ бев прог­ла­сен за те­ле­ви­зи­ска лич­ност на го­ди­на­та во то­гаш­на Ју­гос­ла­ви­ја во кон­ку­рен­ци­ја со Лин­да Еванс и „Ди­на­сти­ја“. Во се­ри­ја­та тол­ку­вав лик на уби­ец и до­бив пет ил­ја­ди гла­са по­ве­ќе од Лин­да Еванс. По таа уло­га дој­де и „По­до­бар жи­вот“ и уло­га­та на Кур­чу­биќ. Мис­лам де­ка тие две уло­ги ја од­бе­ле­жаа мо­ја­та те­ле­ви­зи­ска ка­ри­е­ра.

Глу­ме­вте во хит-се­рии ка­ко што се „От­пи­ша­ни“, „Вра­ќа­ње на от­пи­ша­ни­те“, „Ба­њи­ца“, „По­до­бар жи­вот“, „Среќ­ни лу­ѓе“…

БЕКЈАРЕВ: Имав сре­ќа се­ко­ја но­ва уло­га во но­ва се­ри­ја да ми би­де по­по­пу­лар­на од уло­га­та во прет­ход­на­та се­ри­ја. Не оста­нав актер на ед­на уло­га и ед­на се­ри­ја, ту­ку ете, лу­ѓе­то ме пре­поз­на­ва­ат од мно­гу се­рии – и смеш­ни, и се­ри­оз­ни. Тоа е мно­гу до­бро.

Со го­ди­ни ра­бо­те­вте и ка­ко про­фе­сор по глу­ма на Ака­де­ми­ја­та за умет­ност „Бра­ќа Ка­риќ“. Ка­ко ви се чи­ни, има ли та­лен­ти­ра­ни мла­ди акте­ри?

БЕКЈАРЕВ: Има мно­гу та­лен­ти­ра­ни, но, за жал, па­за­рот е по­мал, има сѐ по­мал­ку ра­бо­та, а сѐ по­ве­ќе акте­ри. Тоа е го­лем проб­лем. Но, се раз­би­ра, кон­ку­рен­ци­ја­та ра­ѓа и ква­ли­тет. Се­кое зло има и до­бро. Но, има та­лент и тоа е си­гур­но. Мо­ра да се има и сре­ќа, се раз­би­ра. Ни­ту еден та­лент не ус­пе­ал без ра­бо­та. Тој што мис­ли де­ка са­мо со та­лент ќе на­пра­ви не­што, тој ќе про­пад­не, си­гур­но.

Оди­те ли че­сто в те­а­тар? Што нај­че­сто гле­да­те?

БЕКЈАРЕВ: Па, одам, кол­ку што мо­жам, иа­ко, мо­же­би, би тре­ба­ло и по­че­сто да одам. Пред сѐ, одам в те­а­тар ко­га ќе ме по­ка­нат мо­и­те по­ра­неш­ни сту­ден­ти, кои се­га се поз­на­ти акте­ри. Ја сле­дам нив­на­та ра­бо­та. Тие ре­дов­но ме ка­нат на прет­ста­ви­те или, пак, на пре­ми­е­ри­те на фил­мо­ви­те.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

(интервјуто е објавено во 235. број на неделникот Република кој излезе во печат на 4.03.2017 година)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top