Американскиот министер за внатрешна безбедност, Џон Кели изјави дека го разгледува предлогот за раздвојување на жените и децата, кои илегално ја преминуваат американската граница со Мексико.
– Го разгледувам предлогот, со цел да се спречи поголемо движење по патот на оваа ужасно опасна мрежа. За децата ќе се води грижа додека се занимаваме со нивните родители, истакна Кели за СиЕнЕн, одговарајќи на прашање поврзано со можна измена во американската политика.
Властите во САД би можеле да почнат со раздвојување на жените од децата, со кои илегално ќе влезат во земјата, согласно предлогот кој го разгледува американското Министерство за внатрешна безбедност. Тој предлог делумно има за цел мајките да се спречат од миграција во САД заедно со своите деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти