Под мотото „За заедничка Македонија“ повеќе здруженија и граѓани вечерва одржаа простестен марш во центарот на Прилеп, на кој испратија пораки за заштита на името и унитарноста на државата.
Од името на патриотското здружение „Пере Тошев“, еден од организаторите на протестите, Васко Смилески рече дека нема да се дозволат туѓи платформи.
– Нема да дозволиме црвено-жолтата линија да се помине и нема да поминат никакви платформи создадени во туѓи држави. Нашата порака е да останеме сите заедно и да ја сочуваме оваа Македонија што ја имаме, посочи Смилески.
Според Ацо Јованоски од Здружението „Карпалак“ македонските политички парти и политичарите треба да си подадат рака за малцинска влада.
– Уште од Илинден 1903, па 1941 и 2001 година се докажа дека Македонија е голема и треба да ја сочуваме. СДСМ и Зоран Заев да си подадат рака со Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и да направат малцинска влада. Видовме дека албанската платформа ја осудија и соседните земји Србија, Бугарија, па и Хрватска, рече Јованоски.
Насобраните вообичаено го поминаа протестниот марш по булеварот „Гоце Делчев“ од споменикот „Прилепски бранители“ до споменикот „Карпалак“.
Фото:Маркукуле
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст