Кошаркарите на македонскиот првак МЗТ Скопје загубија на вечерашното гостување кај Будуќност во Подгорица со 92:61 (22:22; 21:14; 34:16; 15:9).
МЗТ Скопје беше рамноправен ривал со фаворитот само во првите десет минути, а Будуќност до убедливата победа стигна со доминацијата во третата четвртина.
Најефикасен кај победникот беше Петар Поповиќ со 17 поени, а во редовите на МЗТ Скопје најмногу поени постигна Ксавиер Темс со 20 поени.
Вториот македонски тим во АБА лигата Карпош Соколи вечерва од 21 часот го игра дуелот од оваа рунда како домаќин во СЦ „Борис Трајковски“ против екипата на Задар.
Резултати на другите натпревари од 25.коло: Морнар – Игокеа 83:76, Цибона – Мега 88:100, Партизан – Крка 94:80, Олимпија – Цедевита 92:94 и ФМП – Црвена Звезда 76:84.
Табела: Црвена Звезда 24-1 (победи-порази), Цедевита 19-6, Партизан 19-6, Будуќност 18-7, Игокеа 12-13, Цибона 11-14, Мега 10-15, ФМП 10-15, Олимпија 10-15, Морнар 9-16, Карпош Соколи 9-15, МЗТ Скопје 8-17, Задар 8-16, Крка 7-18.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст