| четврток, 6 декември 2018 |

Унгарија и Грција бараат осуда на албанската платформа во Македонија

mogerini

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Федерика Могерини пред почетокот на дебатата за состојбата на Западниот Балкан на денешниот Совет за надворешни работи на Унијата, порача дека таа ќе ги иинфромира шефовите на доипломатиите на членките на ЕУ дека состојбата на Балканот е тензична и изложена на предизвици, но дека регионот има сила да одговори.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, попладнево во Брисел министрите за надворешни реаботи на членките на ЕУ ќе разговараат за извештајот на Могерини по посетата на Македонија, Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора минатата недела. ­

-Денеска ќе ги известам министрите за надворешни работи на членките на Унијата, а во четврток и шефовите на држави или влади за состојбата на Балканот, која е тензична и изложена на предизвици, како внатрешно, така и регионално, па и глобално. Но, тоа е регион кој самиот има капацитет и сила да реагира, под услов кредибилитетот на евро­интеграцискиот процес да биде присутен. Тоа е нашиот дел од работата и јас очекувам денеска, па и Европскиот совет подоцна неделава, да биде изразена силна и јасна посветеност на кредибилна европска интеграциска перспектива на Западниот Балкан, истакна Могерини пред почетокот на Советот.

Инаку, на претходниот Совет за надворешни работи на Унијата, по сугестија на Унгарија и Грција беше покрената иницијатива за осуда на т.н. албанска платформа во Македонија, поради која се блокираше составувањето на Влада по парламентарните избори на 11 декември минатата година.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто најави дека и овој пат ова прашање ќе го покрене пред Советот и ќе очекува дали шефовите на дипломатиите на земјти членки на ЕУ ќе се усогласат околу него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top