Според народните верувања, месецот март е претставен како Баба Марта, чудна, измамничка и многу непредвидлива. Така, во март може да заврне снег, но и да биде топло како веќе да е лето.
Баба Марта се среќава речиси кај сите словенски народи, а легендата вели дека таа прв пат станала гневна кога римскиот крал Нума Помпилиус ѝ го одзел местото на прва дама во календарот, додавајќи пред неа уште два месеци. Од тогаш таа е претставувана како навредлива старица со многу променлив карактер. Понекогаш во неа се буди борбениот дух на богот Марс, па така на Земјата испраќа студенило, додека пак друг пат со својата топла насмевка носи пролетна радост.
Според народните верувања, Баба Марта е олицетворение на пролетта, на повторното раѓање, новите идеи и потребата за хармонија во природата и животот на луѓето. Кога го нема ова, таа на Земјата испраќа снег за да ги предупреди луѓето да внимаваат како се однесуваат. Луѓето родени во март се добри работници и затоа се омилени на работа. Тие тешко се лутат, но ако некој еднаш ги навреди, тогаш тие тешко простуваат. Познати се по тоа што се чесни, среќен месец им е јануари, а во мај може да очекуваат несреќа и штета. Кога е во прашање здравјето, треба да ги чуваат колената и забите, а склони се и на болести на срцето.
Иако кокичињата се први предвесници на убавото време, крокусите се сигурен знак дека пролетта е на прагот. Метеоролозите велат дека ако под снегот никнат првите крокуси до март, тогаш во март нема повторно да има снег.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст