| четврток, 6 декември 2018 |

Го посетила гробот на нејзината ќерка, па излетала од патот – детали за трагедијата на поранешната пратеничка

Поранешната пратеничка на војводинскиот парламент Неда Бодрожиќ (54) загинала на патот Нови Сад – Сириг.

Како што јавуваат српските медиуми, тешката несреќа се случила вчера, а автообилот во кој било телото на настраданата Нада е пронајдено утрово околу 6.30 часот.

До трагедијата дошло кога Неда, која го управувала возилото, излетала од коловозната лента во одводниот канал покрај патот.

Имено, Неда вчера како и секоја недела, отишла на гробот на нејзината ќерка во Сириг после тоа била на ручек кај пријатели,а потоа вечерта за пат накај дома, пораншната пратеничка загинала на лице место, а Итната помош само констатирала смрт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top