| четврток, 6 декември 2018 |

Една недела по последната хемотерапија Шенон сјае на црвениот тепих

Една недела по последната хемотерапија, омилената холивудска актерка Шенон Доерти блескаше на хуманитарна церемонија во Холивуд. Ѕвездата од серијата “Беверли Хилс, 90210“ изгледаше прекрасно, но што е уште поважно здраво.

Шенон во друштво на својот сопруг Курт Исвариенко присуствуваше на гала вечерта, која таа ја организираше за спасување на животни преку организацијата „Animal Hope and Wellness“. Таа на социјалните мрежи сподели дел од атмосферата по што доби прекрасни коментари дека изгледа свежо, убаво и здраво.

Screenshot_1-19

И навистина е така, посебно што актерката последните две години се бореше со агресивниот рак на дојката, кој се прошири и на лимфните жлезди. Меѓутоа во ниту еден момент не ја изгуби вербата во заздравување, и секој чекор на тој пат го споделуваше на Инстаграм со надеж дека ќе ги инспирира луѓето кои што се борат со истата болест и ќе им покаже како впрочем изгледа оваа борба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top