Ричи Заргоса (10) и неговата полусестра Гинаја (4) завршиле во болница, а во моментов се уште се на интензивна нега откако во петокот во ресторан двајцате се напиле сок од јаболко од кој подоцна им се слошило.
Инцидентот се случил во Ланкастер, Пенсилванија кога децата биле на ручек од типот „колку што можеш да изедеш“ во еден ресторан заедно со својата мајка и уште неколку роднини по повод роденденот на Ричи.
– Откако се напи од сокот, прва реагираше Гинаја која почна да плука и плаче. Потоа Ричи, само неколку секунди подоцна викна – Ова пече! Прво мислевме дека не е нешто сериозно и дека можеби сокот е малку кисел, но потоа Ричи поврати крв, раскажала мајката Вирџинија.
Децата веднаш биле пренесени во болница, а се среќа сега се во стабилна состојба.
Сопственикот на ресторанот, Стив Венг изјавил дека сокот го набавил од еден од локалните супермаркети. Надлежните го истражуваат случајот, a примерок со сокот испратиле и на тестирање. Првичните резултати покажале дека во сокоти имале траги од метанол, пишува Мирор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пијалог кој проверено согорува калории и симнува килограми
-
7 дена пиела сок од кисели краставички: Еве што и се случило…
-
Овој сок го пиела 6 дена на празен желудник – обликот на стомакот целосно се променил
-
Го пиев три месеци и верувам дека овој сок ги уби ќелиите од рак, па сакам да го споделам со вас