| четврток, 6 декември 2018 |

Стравотна сообраќајна несреќа: Прегазена млада девојка

Млада девојка е прегазена на скопските улици и е итно пренесена в болница. Несреќата се случила синоќа, а се работи за 28-годишната Х.Н., која била прегазена на булеварот „Никола Карев“, од страна на автомобил „лексус“, кој го возел 21-годишниот скопјанец Б.Х.

По ударот, возачот ја зел девојката од Волково и самиот ја пренел во болницата „Св. Наум Охридски“.

Констатирани и се тешки телесни повреди и е задржана за понатамошно лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top