Општина Аеродром се вклучи во хуманитарно-еколошка акција за собирање пластични капачиња „Едно капаче – Една надеж“.
Собраните капачиња се испраќаат во Турција каде се рециклираат и за количина од 250 килограми се добива една инвалидска количка, која ќе се донира на семејство кое има потреба од таква количка, а нема финансиска можност самостојно да ја обезбеди.
Од општината апелираат граѓаните да ја покажата својата хуманост и да се вклучат во акцијата и собраните капачиња да ги донесат во просториите на Општина Аеродром, каде за таа цел се поставени кутии за нивно собирање.
Акцијата ја започна Македонската медицинска студентска асоцијација – ММСА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.