Албанските транспортни превозници побараа од премиерот Сали Бериша да им забрани на македонските камиони да вршат транспорт во Албанија затоа што им го унишувале пазарот – во спротивно ќе ги запалат сите возила со македонски регистерски таблички. Тие обвинуваат дека дури 90 проценти од транспортот во Албанија го вршеле камиони со македонски таблички.
– Не може Македонците да дојдат до мојата куќа и да ми кажат „еве ти и тебе едно парче леб”, тоа е нелегално. Македонецот не работи само во Италија, работи и во Драч и во Тирана, внатрешен транспорт. Каде се кријат, каде ги задржуваат камионите? 90 проценти од транспортерите на Албанија се со македонски регистарски ознаки. Вашата работа како премиер е да спречите камионите со македонски таблички да работат тука. Или ќе напрајме и ние како Турците, кои палеа автомобили, се заканија албанските превозници.
Премиерот Сали Бериша за време на средбата со членовите на Здружението на превозници, во патничкиот терминал на пристаништето во Драч вети дека ќе најде решение за сите проблеми на транспортните работници низ земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија