| четврток, 6 декември 2018 |

Само пред неа Анџелина Џоли беше немоќна (Фото)

Во 2005 година Бред Пит ја остави Џенифер Анистон за фаталната Анџелина Џоли, со која се запозна и се вљуби на снимањето на филмот “Г-дин и г-ѓа Смит”.

Иако оттогаш поминаа многу години, а Бред и Анџелина имаат дури шест заеднички деца, во Холивуд е позната несигурноста и љубомората на Џоли коија до ден денес живее во страв дека Бред еден ден ќе ѝ се врати на Џенифер Анистон.

angelinajen1

Дури и откако се разведоа, блиски извори до Џоли велат дека актерката сеуште збеснува кога ќе го чуе името на бившата на Бред, посебно сега кога во јавноста излегоа информации дека актерот повторно се допишува со Џенифер.

Пријателите на поранешниот пар велат дека посесивноста на Анџелина према Бред и нејзиниот страв од Анистон биле силно изразени и додека биле заедно и таа постојано се трудела да биде сигурна дека Бред и Анистон немаат никаков контакт, а посебно ѝ сметало што Анистон сеуште одржува блиски пријателски односи со мајката на Бред.

Од друга страна пак, блиските пријатели на Џенифер Анистон велат дека нејзиниот свршеник Џастин Теру знае дека таа и Бред повторно се допишуваат, но не му смета бидејќи ѝ верува на својата партнерка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top