| четврток, 6 декември 2018 |

Нивото на Охридското Езеро е шест сантиметри над дозволениот минимум

Нивото на Охридското Езеро е шест сантиметри над дозволениот минимум, а водостоите на реките се под просекот за март, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Тоа значи дека по затворањето на испустот кај вливот на реката Црн Дрим, на почетокот на месецов до денес, нивото на водата во езерото се зголемило за 10 сантиметри.
Според УХМР, водостојот на Вардар е најнизок на мерното место кај Демир Капија, и е 60 сантиметри понизок од вообичаениот за март, додека понизок водостој од 23 до 29 сантиметри од вообичаениот има и на останатите мерни места на Вардар. Слична е состојбата и со останатите реки кај кои се мери водостојот, а најголемо отстапување од просекот има Црна Река, на мерното место Новаци каде што водостојот е понизок за еден метар и седум сантиметри од вообичаениот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top