Претседателот на највлијателната организација во Вашингтон, близок до Трамп и Пенс отворено говори против Џорџ Сорос, Зоран Заев и Џес Бејли.
Работите во Вашингтон и во надворе[ната политика на САД кон Македонија дефинитивно се менуваат. Директорот на највлијателната политичка организација во Вашингтон и во САД, Џим ДеМинт, блиска до Доналд Трамп и Мајк Пенс отворено истапи против Сорос, Заев и Бејли.
Директорот на фондацијата „Херитиџ (Heritage), на својот личен твитер ја сподели колумната од весникот „Daily Signal“ на неговата фондација Херитиџ, со свој коментар, истакнувајќи дека Џорџ Сорос ја турка неговата левичарска агенда и во оддалечените места како Македонија, и тоа со помош на грантови од САД.
На Твитер Де Минт го следат речиси сите сенатори и конгресмени од владејачката Републиканска партија, како и од Белата Куќа, Стеј Департментот и Пентагнон.
Во текстот на „Daily Signal“ се вели дека Македонија станува симбол на битката во Европа меѓу конзервативните партии кои ги поддржуваат традиционалните вредности и националниот суверенитет, и оние, често финансирани од страна на либералните милијардери со амбициозна агенда, која вклучува либерални дроги и сексуално-ориентални политики, како и транс-национализам.
Се посочува и дека ВМРО-ДПМНЕ не е поддржувач на про-Путиновите политики, туку оти одамна е цврсто про-американска и про-НАТО партија.
За блискоста меѓу претседателот на Херитиџ, Де Минт со Трамп и Пенс пишуваат многу американски медиуми.
Њујорк Магазин пишува дека Де Минт е човекот кој стои зад кампањата на Трамп и Пенс, транзицијата во власта, а се претпоставува дека и тој ги предложува луѓето кои ја предводат администрацијата на американскиот претседател.
И телевизиската куќа СИ-ЕН-ЕН, исто така, пишува дека фондацијата Херитиџ имала голем удел во транзицијата на Трамп и Пенс како негов кандидат за потпретседател, и оти токму оваа организација ги влече главните конци.
Порталот „McClatchy DC“ пишува дека Доналд Трамп и Де Минт се неверојатен пар, а првиот човек на Херитиџ ужива на позицијата како еден од највлијателните луѓе во Вашингтон по смената на претседателот.
Во текстот на „McClatchy DC“ се посочува дека освен прес-конференции, организацијата Херитиџ заедно со Де Минт работат на поттикнување на администрацијата и Конгресот на републиканците да се земе длабоко конзервативна линија за неколку деликатни прашања, почнувајќи од даночните реформи и Законот за здравствена заштита, кои Де Минт сака да се укинат веднаш.
Инаку, Херитиџ е главниот кадровски центар во Вашингтон од каде што со кадри се пополнува новата американска администрација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.