| четврток, 6 декември 2018 |

11 цивили загинаа во воздушни напади во Сирија

Најмалку 11 цивили загинаа, а десетици други се ранети во воздушни напади врз село во централна Сирија, соопшти сирискиот Центар за мониторинг на човековите права со седиште во Лондон, а пренесоа француските медиуми.

– Бомбите погодија пазар во селото Оквајарабат, кое е под контрола на Исламска држава, во провинцијата Хама – рече Рами Абдел Рахман, шефот на сирискиот Центар за мониторинг на човековите права.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top