Медиумската икона Опра Винфри се замисли на идејата за претседателка на Америка во 2020 година кога сфатила дека за тоа не ѝ е потребно политичко искуство. На гостувањето во Шоуто на Дејвид Рубенштајн на ТВ Блумберг домаќинот ја прашал дали, со оглед на популарноста и ограничувањата за жените да заземат високи државни позиции, сепак е подготвена да размисли да се кандидира за Белата куќа.
Таа прво направила пауза па одговорила:
-Никогаш не сум размислувала за тоа, дури ни како можост.
-Јасно ми е дека не е потребно политичко искуство да се стане претседател на САД, додава Рубенштајн, а таа му вели дека нема животно искуство, дека не е упатена во мнгу работи, но…
Своевремено Трамп ја спомнуваше Опра Винфри како кандидат за претседател, а во 2015 година рече: „Мислам дека лесно ќе победиме“.
Бдејќи за претсеадтел на САД не е потребно да се има искуство во политиката, за 2020 размислуваат кандидатура да поднесат и други могули: сопствениците на Фејсбук и Амасон, Марк Цукерберг и Џеф Безос, директорите на Дизни и Старбакс, Боб Ајгер и Хауард Шулц, но и милијардерот и сопственик на Далас Маверикс Марк Кјубан.
Од славните кандидатура споменуваат Вил Смит, Кети Пери, Двејн Џонсон, а најсериозно од сите Кање Вест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.