| четврток, 6 декември 2018 |

Црна Гора ни се поклони: Единствено „Караѓорѓе од Македонија“ не клекна пред Могерини

Претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов во текот на разговорите со Федерика Могерини демонстрираше дека е најсамостојниот и најсуверениот претседател на некоја држава на Балканот – пишува црногорски „Принцип“

Не само што не потклекна, поколеба или замисли, туку одлучно и повтори: дека не го дал и нема да го даде мандатот за состав на влада на никој кој при нејзиното формирање преговара за платформа направена во друга држава, а дотолку повеќе се работи за платформа која го загрозува суверенитетот и независноста на Македонија и нејзиниот унитарен карактер, стои во текст објавен од црногорски „Принцип“, под наслов „Караѓорѓе од Македонија“.

Во тексот се цитира и разговорот помеѓу Иванов и Могерини, особено делот во кој Претседателот на Македонија и потенцира на Могерини дека нема намера да го даде мандатот на некој кој има намера со постизборна платоформа да го руши Уставот на Македонија и Охридскиот договор, а земјата да се доведува во потчинета позиција и зависност од други држави.

Според „Принцип“, ниту еден друг претседател, во Софија, Белград, Сараево, Подгорица или Тирана не разговарал така самоуверено и независно со Могерини. Според црногорски Принцип, сите тие повеќе или помалку се „виткаат“ пред појавата на Бриселските бирократи.

Веројатно со таа уметност би се „занимавал“ и Иванов, ако не му удрија по државата и нејзиниот опстанок. За разлика од некои, тој демонстрираше дека сериозно се грижи за својата држава и за факто што токму тој е нејзин претседател – заклучува „Принцип“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top