| четврток, 6 декември 2018 |

Наставници по македонски јазик: Оставете ја Македонија на народот македонски! Таа е единствена татковина на Македонците!

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, која организира масовни протести во 10тина градови во Република Македонија, чија цел е спротивставување на обидите на СДСМ за уништување на македонскиот идентитет, јазик, знаме, химна и сите останати обележја и симболи, добива се поголема поддршка од различни општествени категории, меѓу кои и просветните работници и останати вработени во образованието.

Дел од просветните работници покрај учеството во протестите, својот револт го истакнуваат и на социјалните мрежи, со јасни пораки дека нема да се дозволи редефинирање на државата.

mmmm

-ОСТАВЕТЕ ЈА МАКЕДОНИЈА НА НАРОДОТ МАКЕДОНСКИ! ТАА Е ЕДИНСТВЕНА ТАТКОВИНА НА МАКЕДОНЦИТЕ, напиша на социјалните мрежи Зорица Русевска, професорка по македонски јазик и директорка на ОУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Кисела Вода.

Повик за одбивање на платформата потпишана во Тирана упатија и професорките по Македонски јазик од ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“, Татјана Нанкова и Елизабета Камческа кои на социјалните мрежи напишаа дека ако еден народ го измени сопствениот јазик, тоа ќе значи дека се откажува од самиот себеси и од своите интереси.

yyyy

-Aко еден народ ги изменува својот јазик и својата вера во едно кусо време и под силно туѓо влијание, самиот без свест однесувајќи се кон таа измена, тогаш тој се откажува од самиот себеси и од неговите интереси и се предава и себеси и нив на еден посилен народ, којшто ќе постапи со него и со нив како што ќе му биде потребно; Да се откаже еден народ од својот јазик значи да се откаже тој и од самиот себеси и од своите интереси; значи да престане да гледа на себе со свои очи, да суди за себе и за другите со својот ум и разум, а да чека укажување за сé отстрана. Еден народ што си го загубил својот јазик личи на еден човек што си го загубил патот и не знае од каде доаѓа и на каде оди и којшто не знае зошто оди ваму, а не онаму или таму, напишаа професорките во Македонски јазик Татјана Нанкова и Елизабета Камческа.

Покрај наставниците и професорите Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во изминатите денови добива се поголема поддршка и од уметниците, спортистите, земјоделците, работниците и работодавачите и од сите останатите општествени групи и поединци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top