| четврток, 6 декември 2018 |

Нов закон: Ќе може да се абортира еднаш годишно

ginekolog ordinacija

Абортирањето ќе биде дозволено само еднаш во годината. Ваков предлог Владата му достави на Собранието и истиот треба да биде усвоен по итна постапка, пишува Дневник.
Според информациите на весникот, на жените нема да им биде дозовлен прекин на бременоста ако во текот на истата година, веќе имале еден абортус. Од правилото ќе има исклучоци само во ситуации кога бременоста е ризична и има сериозни индиции дека детето ќе се роди со сериозни физички или ментални недостатоци.

Исто така, исклучокот ќе важи и во ситуација кога бременоста е предизвикана со изршување на кривично дело, како силување, обљуба врз неможно лице, полов напад врз дете и родосквернавење. Според предлогот, доколку жената сака да ја прекине бременоста по 10 тата недела, за тоа ќе и треба одобрение од првостепената комисија за прекин на бременоста кој ја формира министерството за здравство во секоја од здравствените установи во кои се врши абортус

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top