Француската полиција уапсила маж кој е осомничен за нападот на војник што се случи во саботата во Париз, јави Би Би Си.
За сега нема информации за идентитетот и мотивите за нападот.
23-годишниот француски војник беше нападнат додека патролирал во деловниот кварт Ла Дефанс, во западниот дел на Париз, само четири дена откако во Лондон беше брутално убиен британскиот војник Ли Ригби.
Војникот во униформа бил со уште двајца мажи, во рамките на антитерористичкиот план за надгледување, кога напаѓачот околу 18 часот му пришол од зад грб и го прободел во вратот со нож.
Тој во критична состојба бил пренесен во блиската воена болница. Војникот загубил многу крв, но преживеал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
Обвинет за сексуален напад ја лажирал својата смрт за да избегне затвор
-
Напад во Мелбурн: Прво се забил со возило, па напаѓал со нож


