| четврток, 6 декември 2018 |

Миленковиќ избран за помошник-селектор на кошаркарската репрезентација до 20 години

Асистенот во стручниот штаб на МЗТ Скопје Аеродром, Драган Миленковиќ, е избран за помошник-селектор на репрезентацијата на Македонија за играчи до 20 години. Одлуката беше донесена на вчерашнио останик на Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација (МКФ).

Ова е големо признание за поранешниот првотимец на МЗТ не само за работата со првиот тим на „металците“ туку и за повеќегодишниот континуитет како предводник на повеќе младински селекции на МЗТ Скопје Аеродром. Популарниот Гаго годинава првпат беше вклучен во работата со тимот од Аеродром и тоа од Александар Јончевски, а остана дел од стручниот штаб и по доаѓањето на хрватскиот стратег.

Миленковиќ во македонската младинска репрезентација ќе работи со селекторот Мирко Петрески, со кого ќе се обидат да остварат што е можно подобра селекција за настапот на Европското првенство (ЕП), дивизија Б, кое од 14 до 23 јули ќе се одржи во романскиот град Орадеа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top