Редовниот секс може да ни причини онолку среќа, колку и годишен бонус покрај платата, се вели во анкета објавена во весникот „Метро”.
Истражувањето опфатило 335 двојки, и се состоело од неколку фази. Најнапред тие биле запрашани – колку често водат љубов, колку се задоволни од животот, колку често се гушкаат, бакнуваат и држат за раце. Во втората фаза, која траела неколку месеци, по „социјален експеримент“ со 106 двојки, констатирано е дека – колку што половите активности се почести, толку и луѓето биле посреќни во животот.
Заклучокот е она што всушност сите го знаеме – дека редовниот секс ги поттикнува и сите други пријатни и хармонични односи помеѓу партнерите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.