Во Македонија Албанците ги уживаат најголемите права што кое било немнозинско население ги видело во Европа. И тоа е наша предност и богатство. Да беа сите држава на Балканот со исти права кон немнозинските етнички групи, вклучително и Албанија, денес овој регион од Европа ќе се викаше Скандинавија, напиша Илија Димовски на својот профил на „Фејсбук“ обраќајќи се до Дитмир Бушати, министерот за надворешни работи на Албанија.
„Би бил среќен доколку барем 50% од правата што ги имаат Албанците во Македонија, Вие се охрабрите и им ги овозможите на Македонците во Албанија. Тоа ќе е европско однесување, а не секојдневното вмешување во внатрешните работи на Македонија и во внатрешното работење на неколку албански партии од Македонија од страна на вашиот премиер.
Досега Албанците секогаш биле дел од македонските влади и повторувам тоа е добро. Мораат да бидат застапени и да имаат право да одлучуваат.
Но она што сега е проблем, не е во прашањето дали некој ќе владее над Албанците. Проблем е што албанските политичари помислија дека можат тие да одлучат кој е победник и кој има право да ги застапува, претставува и одлучува во име на Македонците.
Најдоа еден несреќен човек, подготвен да даде сѐ само за да се добере до власт, подготвен да прифати каква било уцена, подготвен да прифати редефинирање на единствената држава што ја имаат Македонците. И си рекоа, сега му е мајката.
Ама не разбраа и не видоа, дека ниту имаат право тие да одлучат кој ќе ги претставува и кој ќе одлучува во име на Македонците, ниту пак сакаа да прифатат дека народот не може да биде ниту заплашен, ниту уценет.
Помина времето кога за Македонците се одлучуваше во Букурешт, Берлин, Москва, Лондон.
Ние сме горд народ кој нема никогаш да изврши самоукинување и самопоништување“, пишува Димовски до Бушати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димовски: Вие одлучивте во овој мандат да не се гради Клинички центар
-
Илија Димовски: Доколку се заврши оваа процедура, одговорно тврдам дека покрај Преамбулата, во Уставот ќе бидат променети најмалку 51 член (видео)
-
Со зборови на СДСМ, дури кога режимот бил пуштен на најјако, вака не било
-
Изборот на составот на ДИК и референдумот неизвесни?