| четврток, 6 декември 2018 |

Расте извозот на стоки од Македонија

uvoz-izvoz

Трговскиот дефицит, во јануари оваа година, изнесувал 113 милиони евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во јануари 2017 година, изнесувала 323 милиони евра и бележи пораст од 12,1 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 436 милиони евра, што е за 23,2 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2017, изнесува 74.1 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија. Во јануари 2017 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Кина и Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top