| четврток, 6 декември 2018 |

Нема мандат за туѓи платформи

Со оваа пла­тфор­ма Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја е уце­не­та, а неј­зи­на­та уни­тар­ност, су­ве­ре­ност и не­за­вис­ност се за­гро­зе­ни, образ­ло­жи пре­тсе­да­те­лот Ѓор­ге Ива­нов, кој не му да­де ман­дат на Зо­ран За­ев за фор­ми­ра­ње вла­да. До­де­ка со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те и нив­ни­те са­те­ли­ти „на ла­жич­ка“ ја оправ­ду­ва­ат не­о­правд­ли­во­ста на при­фа­те­но­то раз­не­би­ту­ва­ње на др­жа­ва­та, не­за­до­волс­тво­то од про­це­сот на фе­де­ра­ли­за­ци­ја се пре­леа низ ули­ци­те

Пре­тсе­да­те­лот Ѓор­ге Ива­нов за­ста­на во од­бра­на на су­ве­ре­ни­те­тот на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Оце­ни де­ка по­стиз­бор­на­та по­ли­тич­ка пла­тфор­ма од ту­ѓа др­жа­ва со неј­зи­на­та со­др­жи­на е над­вор и од Уста­вот и од Охрид­ски­от рам­ко­вен до­го­вор.

– Со оваа пла­тфор­ма се за­гро­зу­ва­ат су­ве­ре­но­ста и не­за­вис­но­ста на др­жа­ва­та до­ве­ду­вај­ќи ја во по­лож­ба на пот­чи­не­тост или за­вис­ност спре­ма дру­га др­жа­ва. Со оваа пла­тфор­ма Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја е уце­не­та, а неј­зи­на­та уни­тар­ност, су­ве­ре­ност и не­за­вис­ност се за­гро­зе­ни. Про­це­сот на по­стиз­бор­но ко­а­ли­ци­ра­ње и фор­ми­ра­ње но­ва вла­да ста­на за­лож­ник на оваа по­стиз­бор­на пла­тфор­ма од ту­ѓа др­жа­ва. На­ме­сто, ко­неч­но, да из­ле­зе­ме од по­ли­тич­ка­та кри­за, по­ра­ди оваа пла­тфор­ма ние, за жал, заг­ла­ву­ва­ме во уште под­ла­бо­ка кри­за во ко­ја се до­ве­доа во пра­ша­ње те­мел­ни­те др­жав­ни ин­те­ре­си на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја и неј­зи­ни­те гра­ѓа­ни – по­со­чи пре­тсе­да­те­лот Ива­нов образ­ло­жу­вај­ќи де­ка не се ис­пол­не­ти ус­ло­ви­те ман­да­тот за фор­ми­ра­ње но­ва власт да го по­не­се ко­а­ли­ци­ја соз­да­де­на нас­про­ти те­мел­ни­те вред­но­сти на др­жа­ва­та.

– Сè до­де­ка сум пре­тсе­да­тел на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, не­ма да да­дам ман­дат ни­ту на чо­век ни­ту на пар­ти­ја што се за­ла­га или во сво­ја­та про­гра­ма има пла­тфор­ма за ру­ше­ње на су­ве­ре­ни­те­тот, те­ри­то­ри­јал­ни­от ин­те­гри­тет и са­мо­стој­но­ста на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Би­деј­ќи дла­бо­ко ве­ру­вам де­ка ова се те­мел­ни вред­но­сти со кои ни­кој не­ма пра­во да тр­гу­ва. И не мис­лам да от­ста­пам од нив – наг­ла­си пре­тсе­да­те­лот на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

Ме­сто вед­наш и без ди­ску­си­ја да се отфр­ли, до­да­де Ива­нов, се ли­ци­ти­ра­ше со уни­тар­ни­от ка­ра­ктер на др­жа­ва­та. От­ту­ка, ка­ко су­штин­ска за­бе­ле­шка, Ива­нов на­ве­де де­ка раз­го­ва­ра­ње за со­др­жи­на­та или пре­го­ва­ра­ње за пла­тфор­ма на ту­ѓа др­жа­ва е спро­тив­но од Уста­вот на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

– За ка­ра­кте­рот и за ид­ни­на­та на др­жа­ва­та не мо­же да се пре­го­ва­ра, ни­ту да се во­дат раз­го­во­ри на не­транс­па­рен­тен на­чин… За вре­ме на сред­ба­та од гос­по­ди­нот За­ев по­ба­рав јав­но и јас­но да ја отфр­ли и осу­ди оваа пла­тфор­ма би­деј­ќи ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни на из­бо­ри­те гла­саа за ре­фор­ми­те и за ис­пол­ну­ва­ње на об­вр­ски­те од До­го­во­рот од Пр­жи­но, а не за по­стиз­бор­на пла­тфор­ма на ту­ѓа др­жа­ва – по­со­чи во сво­е­то обра­ќа­ње до на­ци­ја­та пре­тсе­да­те­лот на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, Ѓор­ге Ива­нов, кој истак­на: Во сог­лас­ност со мо­ја­та зак­ле­тва, ни­ту Уста­вот ни­ту со­ве­ста ми доз­во­лу­ва­ат да да­дам ман­дат на не­кој што ги ру­ши су­ве­ре­ни­те­тот и не­за­вис­но­ста на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

 

Не­кои пра­ша­ња зас­лу­жу­ва­ат од­го­вор

И пред од­лу­ка­та на Ива­нов, јав­но­ста, а осо­бе­но же­сто­ки­те под­др­жу­ва­чи на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те, се спро­тив­ста­ви и ба­ра­ше од­го­во­ри за пла­тфор­ма­та и за до­го­во­рот со кој се дој­де до пот­пи­си­те по­треб­ни за ба­ра­ње ман­дат за власт. Но, ме­сто транс­па­рент­ност, свес­ни де­ка, всуш­ност, на­ви­сти­на си­те че­ко­ри им во­дат кон раз­не­би­ту­ва­ње и фе­де­ра­ли­за­ци­ја на др­жа­ва­та, ви­сти­на­та за тоа што го при­фа­ти­ле со пла­тфор­ма­та, со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те ја де­леа „на ла­жич­ка“.

Лес­но­ти­ја­та со ко­ја Рад­ми­ла Ше­ке­рин­ска глу­ми нор­мал­ност изг­ле­да не­воз­мож­на, во неј­зин ве­ќе пре­поз­нат­лив ма­нир, ко­га се оби­ду­ва да об­јас­ни де­ка на Ма­ке­до­ни­ја ѝ е по­тре­бен до­ку­мент де­ка „си­те за­ед­но сме стра­да­ле“. Иста­та таа неј­зи­на лес­но­ти­ја ја про­да­де те­ри­то­ри­јал­на­та от­стап­ка во Стру­га, Скоп­је, Ки­че­во… Иста­та лес­но­ти­ја го про­да­де и „бон­бо­на“ биз­ни­сот. Де­нес вто­ра­та же­на-со­ци­јал­де­мо­крат „со кон­сен­зус“ се оби­де да ја про­да­де се­ал­бан­ска­та пла­тфор­ма ко­ја го за­па­ли ре­ги­о­нот ка­ко при­фат­ли­ва. Но, во пла­тфор­ма­та не се ба­ра осу­да де­ка „си­те за­ед­но сме стра­да­ле“, ка­ко што ве­ли Ше­ке­рин­ска, ту­ку „усво­ју­ва­ње ре­зо­лу­ци­ја во Со­бра­ни­е­то на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја со ко­ја се осу­ду­ва ге­но­ци­дот врз ал­бан­ски­от на­род во Ма­ке­до­ни­ја во пер­и­о­дот 1912-1956“.

Неј­зи­но­то приз­на­ние е пр­во од со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те по ре­ди­ца­та на­ста­пи на ет­нич­ки­те Ал­бан­ци де­ка е до­го­во­ре­но це­лос­но ис­пол­ну­ва­ње на ба­ра­ња­та до­го­во­ре­ни во Ти­ра­на. Но, не е Ше­ке­рин­ска оса­мен про­да­вач. Уло­ги­те за прот­ну­ва­ње на „нор­мал­но­ста “ се по­де­ле­ни. Ти­то Пе­тков­ски, со­ци­јал­де­мо­крат­ски­от са­те­лит, ја про­да­ва­ше при­фат­ли­во­ста на про­ме­на­та на др­жав­ни­те сим­бо­ли, зна­ме­то, гр­бот, хим­на­та. За неа не са­мо што ќе се збо­ру­ва­ло, ту­ку за неј­зи­на­та „те­жи­на“во пи­шу­ва­ње­то ќе при­до­не­ле и стран­ски екс­пер­ти!?

Поз­нат про­да­вач на те­зи­те за про­ме­на на име­то, на дво­ја­зич­но­ста и дру­ги фе­де­рал­ни ка­те­го­рии, со­ци­јал­де­мо­крат­ски­от гу­ру Љу­бо­мир Д. Фрч­ко­ски, ја про­да­ва­ше „нор­мал­но­ста“ да се „на­пра­ви не­што око­лу име­то за влез во НА­ТО оваа го­ди­на“. Се­то тоа се са­мо фа­зи од оправ­да­ни­ја­та на СДСМ за при­фа­ќа­ње на се­ал­бан­ска­та пла­тфор­ма, до­де­ка од нив јав­но­ста ба­ра це­ло­сен спи­сок за тоа што е до­го­во­ре­но во за­ме­на за под­др­шка­та за до­би­ва­ње ман­дат за власт.

Про­да­ва­ње­то ла­ги е поз­на­та осо­би­на на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те и на нив­ни­те са­те­ли­ти. Но, по­пу­ста е ла­га­та на За­ев де­ка ќе го бра­ни Уста­вот ко­га са­мо во пр­ва­та ста­вка од при­фа­те­на­та пла­тфор­ма на три ме­ста се спом­ну­ва­ат устав­ни из­ме­ни со тоа што Ма­ке­до­ни­ја би се пре­тво­ри­ла во би­на­ци­о­нал­на др­жа­ва; про­ме­на на Уста­вот кон дво­ја­зич­но­ста со до­да­вка де­ка „ма­ке­дон­ски­от ја­зик и не­го­во­то ки­рил­ско пис­мо и ал­бан­ски­от ја­зик со не­го­во­то пис­мо се офи­ци­јал­ни ја­зи­ци во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја”; за про­ме­на­та на др­жав­ни­те сим­бо­ли, зна­ме­то, хим­на­та и др­жав­ни­от грб, „да ги реф­ле­кти­ра оп­штес­тве­на­та мул­ти­ет­нич­ност и ет­нич­ка­та рам­но­прав­ност“.

Со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те се поз­на­ти и по тоа што не се гри­жат ко­га на­ци­ја­та не ги при­фа­ќа нив­ни­те игри со су­ве­ре­ни­те­тот на др­жа­ва­та. Не се гри­жат што ре­де­фи­ни­ра­ње­то, ка­ко што За­ев и парт­не­ри­те-пот­пис­ни­ци на се­ал­бан­ска­та пла­тфор­ма го на­ре­ку­ва­ат фе­де­ра­ли­зи­ра­ње­то на др­жа­ва­та, на­и­ду­ва на от­пор и кај членс­тво­то и кај не­о­пре­де­ле­ни­те, кај гра­ѓа­ни­те без раз­ли­ка на ет­нич­ко­то, на­ци­о­нал­но­то и вер­ско­то чув­ство. Не се гри­жат за осу­да­та кај си­от ма­ке­дон­ски на­род кој пре­поз­на пла­тфор­ма за гу­бе­ње на др­жа­ва­та, она­ква ка­ква што си­те ја гра­де­ле. Тоа за што се­га се гри­жат на ули­ца Па­вел Ша­тев во Скоп­је е што ре­а­ли­за­ци­ја­та на пла­нот за раз­не­би­ту­ва­ње не се од­ви­ва со за­мис­ле­но­то тем­по. Но, и што јав­но­ста се бу­ди и е сѐ пог­лас­на во ба­ра­ње­то на ви­стин­ски­те од­го­во­ри од нив. Се­ко­му ве­ќе му е јас­но де­ка не­кои пра­ша­ња зас­лу­жу­ва­ат ви­стин­ски од­го­во­ри и де­ка не­ма да се доз­во­ли лес­но и мол­кум да се оди­гру­ва­ат до­зи­ра­ни­те игри за фе­де­ра­ли­зи­ра­ње.

Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 235. број на неделникот „Република“, 3.3.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top