Тори Спелинг и Дин Мекдермот му посакаа добредојде на овој свет на петтото заедничко дете.
43-годишната актерка, која се прослави со улогата на Дона во хит серијата „Беверли Хилс, 90210“, на Twitter ја сподели веста за раѓањето на третиот син со фотографија од рачето на малото бебенце.
-Со возбуда објавуваме дека се роди најновиот член на семејството Мекдермот – напиша таа додавајќи дека момчето го добило името Бо Дин Мекдермот.
-Премногу сме заљубени во бебето Бо. Тој е вистински благослов и неговите браќа и сестри се пресреќни што го запознаа! Многу сме благодарни за нашето големо, убаво и здраво семејство – изјави Тори за списанието Пипол, во кое со семејна фотосесија за првпат објави дека е бремена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст