Изминативе неколку недели со знаење на Општина Центар се уништуваат неколку спортски објекти и базени во Центар во целосна одговорност и надлежност на Општината. На нивно место блиски луѓе на Андреј Жерновски и заслужни партиски војници на СДСМ градат дискотеки на диво, без никаква документација и дозвола, вели загрижен жител, кој се обрати до редакцијата на „Република“. Тој тврди дека се обратил до надлежните, но оттаму само молк.
Според документацијата што скопјанецот ја остави во нашата редакција, првата локација е во парк, во спортскиот комплекс на АРМ, дел што по барање на ФК Работнички, Владата му го доделила на клубот на бесплатно користење во наредните 7 години. Идејата било клубот да го користи овој дел исклучиво за спорт. Но, сега, тврди нашиот соговорник, дел од тие терени се целосно уништени и на нивно место без никаква дозвола од Министерството за одбрана се гради дискотека. Партнер бил Камењар, брат на експратеничката на СДСМ, Каролина Астеруд. Тој им ветувал дека Општина Центар нема да има никаква реакција за ова уништување на скопските терени.
– За 0ва со претставка е информирано Министерството за одбрана и мислам дека е пратен допис да ги стопираат градежните работи и да го вратат објектот во првобитна состојба. На овој допис нема реакција и се продолжува со градбата – стои во реакцијата што скопјанецот ни ја достави во редакција.
Втората локација се базените за деца во скопскиот комплекс „Плаја виста“ под Кале. Тој беше издаден на Марјан Начевски. Сега дел од објектот бил даден на другари на Жерновски и од пред неколку недели се урива и на негово место без дозвола, како што тврди нашиот соговорник, се гради дискотека.
– Секојдневно има мајстори кои ги уриваат отворените базени и бетонираат градби наменети за диско – вели соговорникот, кој смета дека е жално наместо простор за спортување овие спортски комплекси да се користат за точење алкохол и, како што додава, корумпирање на младите умови.
Еве ја документацијата која скопјанецот ја достави до нашата реадакција:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.