Претседателот Ѓорге Иванов јасно ги образложи мотивите во неговата изјава, посочи за ТВ НОВА членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, коментирајќи ја вчерашната одлука на Иванов да не му го предаде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Тодоров вели дека Иванов во говорот кажал оти Заев ќе го добие мандатот кога ќе ја отфрли платформата која е направена во туѓа држава и која во себе содржи компоненти кои ќе ја редефинираат државата.
-Не смее да се дозволи по ниту една цена да се редефинира државата, претседателот има обврска и одговорност за тоа – истакна Тодоров.
Посочи дека не може да поверува оти Заев молчи за понудата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со која ВМРО-ДПМНЕ би ги дала своите потписи за формирање нова влада.
-Доколку албанските партии го донесат СДСМ на власт, тој ќе биде уценуван, а ВМРО-ДПМНЕ, од друга страна, безусловно ќе ги поддржи да дојдат на власт доколку ја одбијат платформата. Гледам едно нелогично однесување на опозицијата и однесување кое е детерминирано од некои други фактори – посочи Тодоров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст