| четврток, 6 декември 2018 |

Костов: Душата и крвотокот на Македонија се пред Собранието и Владата

сотир

-Душата на Македонија, крвотокот на Македонија е пред Собранието и пред Владата. Првиот ден беа 15-16 илјади, вториот 20 илјади, третиот ден 23 илјади и денеска најмасовно. Со нив треба да разговара (Могерини) со граѓаните бидејќи тие ја направија оваа држава- вели Костов.

Сотир Костов вели дека постојано на протестите среќава граѓани кои се загрижени за Македонија:

– Можно е неделава да се заврши со централен митинг, тоа го знаат организаторите. Верувајте, кога одам на протестите, сретнав многу малку партиски луѓе, но сретнав обични граѓани, македонски синови, сестри и ќерки кои ги тргнаа партиите на страна и сите се загрижени за Македонија. И сега некој ќе ми рече: „Ајде бе, од што се загрижени“? Епа од Еди Рама, од Хашим Тачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top