| четврток, 6 декември 2018 |

Говорот на Иванов ги испаничи: Навреди и закани од албанска пратеничка, се јави и Хашим Тачи

download

Република Македонија од денеска не постои повеќе, ова во Фејсбук статус го пишува албанската пратеничка Месила Дода.

– Република Македонија од денеска не постои повеќе. Нејзиниот крај си го потпиша самиот претседател на оваа држава Ѓорге Иванов. Тој е најсрамниот претседател во историјата на оваа држава. Со еден противуставен акт тој ги прогласи за непријатели пола народ од оваа лаборатористичка држава, во која не се знае како ќе има соживот наредните 2.000 години, пишува во статусот Дода.

Таа во статусот упатува доста навредливи зборови кон претседателот Ѓорге Иванов, вели дека Албанците во Македонија или треба да го уништат претседателот, или сами да прогласат независност, во што би им помогнале сите Албанци.

doda

– Денес Албанците во ФИРОМ имаат два пата по кои треба да одат: Или денеска сами да прогласат независност и сите ние заедно да им помогнеме да успеат во тоа, или да одат и да го уништат гнасниот претседател кој ги кочи да живеат. Ние Албанците имаме само еден начин како да преживееме во ова место каде што господ не определил, а тоа е да стегнеме раце и сите заедно да одиме раво кон една единствена држава… Затоа што имаме само една татковина“ , завршува Дода на Фејсбук.

Месила Дода е дел од Албанскиот парламент од 2001 година.

И косовскиот претседател Хашим Тачи на Фејсбук се огласи по вчерашното излагање на Иванов и напиша дека политичките случувања во Македонија се загрижувачки. Тој вели дека претседателот Ѓорге Иванов го злоупотребил Уставот и законите во неговиот „непријателски, антиалбански пристап кон народот што сочинува една третина од жителите на оваа држава“.

hasim taci

– Со својата одлука, претседателот Иванов ја погреба демократијата, не признавајќи ја на тој начин волјата на граѓаните, Уставот и законите и го погреба Охридскиот договор. Албанците и Македонците се народи кои учествуваат во изградбата на државата и Македонија треба да биде држава на сите нејзините граѓани. Без еднакви права на Албанците и Македонците се губи смислата на функционирањето на државата Македонија. На крајот, Албанците треба да ја земат судбината на своите права во свои раце, напиша Тачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top