Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли сите шпекулации дека државата ја спонзорирала допинг програмата која ја користеа руските спортисти. Путин побара до националните анти-допинг сојузи општа забрана на руските спортисти се додека Русија не прифати да постави правилен анти-допинг систем.
– Никогаш не сме спонзорирале никаква допинг програма на нашите спортисти, а сигурно дека тоа нема да го правиме и во иднина. Напротив, ние како држава ќе продолжиме да се бориме против допингот – напиша Путин.
Рускиот претседател воедно и призна дека постоел индивидуален допинг на руски спортисти во минатото и дека допинг системот не бил на висина на задачата.
– Ќе поставиме нов систем кој ќе функционира и со тоа ќе спречиме дополнителни прекршоци од страна на руските спортисти – порача рускиот претседател.
Пред почетокот на Олимписките игри во Рио, Светската анти-допинг агенција (ВАДА) побара од МОК да ги суспендира сите руски спортисти, но тоа барање беше одбиено и препуштено на спортските организации сами да одлучуваат за казните. Подоцна на руските параолимпијци им беше забранет настап на игрите во Рио.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.