– Во последните неколку дена, Македонија беше погодена со комбинирани притисоци и закани од вообичаениот осомничен, амбасадорот (не уште долго) Џес Бејли, привремениот сатрап на НАТО, Јенс Столтенберг, рој хиперактивни хипер-хистерични британски претставници и агенти на влијание, како што е динамичното дуо на мешање во внатрешните работи Миа и Лоренс Марзук и министерот Алан Данкан, па дури и остатоци од администрацијата на Обама, „вршителот на должност“ (се чини не за долго) портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер… и многу други – истакнува американскиот аналитичар.
– Сите овие претставници на лажната и бргу исчезнувачка „меѓународна заедница“ ја концентрираа својата огнена моќ на претседателот Иванов: Иванов мора („мора“) да му даде мандат на Зоран Заев за формирање на новата влада „без одложување“. Дури ни британскиот вицекрал на Индија не ќе се осмелеше вака да им се обрати на своите колонијална поданици! Валканиот трик за поништување на волјата на народот овојпат беше изведен со помош на премиерот на Албанија, Еди Рама, кој организираше (под раководство на кукларите од меѓународната заедница) средба на добро контролираните „албански“ лидери за издавање лажна „албанска платформа“ со која Македонија требаше да се растури, да се започне процес на социјално и етничко насилство и да се повика духот на балканските војни – оценува Паскали.
Колку претседателот Иванов, поранешниот премиер Груевски го потврдија значењето на зборот „лидерство“?
Паскали: На 1 март, кога „надежните“ господари сметаа дека Иванов е уредно смекнат, претседателот, на марионетите и кукларите, им го покажа значењето на зборовите: лидерство и храброст. Неговата извонредна изјава ќе инспирира многумина сега и во иднина.
Умберто Паскали во интервјуто за„ Гласот на народот“, додава: „ Не само што Иванов не се предаде, тој отворено и принципиелно ги нападна оние што планираа поголема дестабилизација. Сега, авторите на заговорот се плашат. Времето е против нив и наидоа на отпор што не го очекуваа. „Меѓународната заедница“, а не Македонија, се топи бргу како снег под топлото сонце, категоричен е Паскали.
Запрашан дали е дојдено времето против заговорниците, познавачот на условите во Македонија и ваквите случувања во светот со одговор:
– Всушност, времето е против учесниците во заговорот. Естаблишментот што со децении владееше со Западот, отелотворен во спротивните, а сепак исти династии Буш и Клинтон, и антиевропските бирократи од Брисел, бргу ја губат моќта. Нивниот мал одвратен и мегаломански психопат, Џорџ Сорос, го губи умот. Токму затоа, како коцкари што губат, тие ескалираат со нападите. Треба да создадат што поголем хаос, насилство и дестабилизација. Ако за ништо друго, за да покажат дека сè уште се главни. Ова води до многу грешки и колку повеќе се возбудуваат, толку повеќе јамката на историјата им се стега околу вратот, нагласува Паскали
– Со изборот на Доналд Трамп, тие сè побргу ја губат контролата врз САД. Не сфаќаат дека дури ни на највисоката англоамериканска елита веќе не ѝ треба голем естаблишмент кој само ја ограбува реалната економија и повикува на нови бескрајни војни и нови дестабилизации на странски земји. Тие ги ослабнаа реалната економија и државната структура на САД, така што станаа бескорисни и опасни дури и за оние кои имаа намера да ја искористат моќта на САД за заштита на своите интереси. Како застарена мафијашка структура што губи, тие треба да бидат „исчистени“. Изблиците на бес и болка што ги гледаме во американските медиуми, во Конгресот, во старата машинерија на Клинтон во рамките на Демократската партија, и во круговите на Џон Мекејн и компанија во Републиканската партија, валканите трикови, уличното насилство во режија на расипаната машинерија на Сорос – сето тоа не е знак на сила, туку на слабост. Со време, нивните операции внатре и надвор од САД ќе стануваат сè поневажни, дури иако во моментов се обидуваат да го натераат светот да поверува дека се јаки и страшни, оценува Паскали.
Американскиот аналитичар додава: Доналд Трамп не е хуманитарец чија мисија е да ги реши проблемите на светот, но, сосема е јасно дека неговата мисија – причината поради која беше избран – е да се „исчистат“ и повторно да се лансираат економијата и државните институции на САД. Всушност, фазата на „чистење“ ќе биде релативно лесна во споредба со повторното создавање на цврста продуктивна економија, речиси успешно уништена од безумството на „финансизацијата“ – илузијата дека парите доаѓаат од пари, војни и валкани трикови, наместо од труд и инвестиции во реалната економија, вели Паскали.
Задржувајќи се и натаму на улогата на амриканскиот претседател Тамп, тој дополнува: Трамп ќе треба повторно да ја лансира реалната економија во САД, тој претставува многу позитивен елемент за многуте народи кои се жртви на Сорос и на стариот режим. Повеќето од битките што Трамп ќе треба да ги води се внатрешни битки. Кога тој зборува за борба против ИСИС и тероризмот, неповршниот набљудувач сфаќа дека ова е исто толку борба во фамилијата, колку и војна надвор. Таканаречениот современ тероризам, барем од времето на Авганистан на Бин Ладен, стана начин на војување „на кој не може да му се влезе во трага. Сега, ваквите скришни форми на војување се сметаат за непотребни и контрапродуктивни. Меѓутоа, борбата меѓу двете концепции стигнува сè до врвот на разузнавачките служби. Таму треба да се направи „чистката“. Засега, ова е информатичка, т.е. војна на „протекување информации“, при што допрва доаѓаат инкриминирачки откритија, но не оддалеку (митот за Русија, големиот непријател), ами од внатрешноста на државниот апарат. Истото важи и за војната против дрогата, борбата против насилните банди кои контролираат многу од гетата или градските центри на градовите во САД. Бандите постојат заради една единствена причина: да дистрибуираат секакви дроги. Се работи за огромна сума пари со која се ништи умот на луѓето и промената на воскреснатата реална економија. Се верува дека многумина во агенциите и во државниот апарат јадат од таа валкана чинија. Тие треба да бидат запрени, потенцира Паскали и завршува со оценка:
– На САД на Трамп им треба мир и време за концентрирање врз економијата. Парадоксално, главните прашања за САД сега се: работни места и мир. И ова, секако, предизвика позитивен земјотрес во Европа. Тоа е процес кој влијае и врз досега летаргичните и самоубиствени Франција, Германија, Италија. Процесот ќе биде мошне нелинеарен, но духот нема да се врати назад во шишето. Поради овие и слични причини, без оглед колку некој сака да пропагира реалполитика, земјите како Македонија има многу што да добијат од постоењето на новата американска администрација. Бандите пуштени против Македонија (пред сè, машинеријата на Сорос) се ослабени од корен и ќе се создадат нови инструменти на „длабоката држава“. Македонија, како и многу други земји под петицата на меѓународната заедница, сега има шанса да дејствува самостојно; со голема претпазливост, но самостојно. Македонските сили кои се ветерани на големата војна на отпорот може да обезбедат еден вид идеално и програмско водство, сè повеќе зголемувајќи го движењето во многу балкански земји кои конечно сакаат да отидат подалеку од отпорот, кон ослободувањето, завршува Паскали во интервјуто за програмата Гласот на народот со Слободан Томиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево