Кинески хакери во неколку сајбер напади украле проекти од повеќе системи кои се основа на американската противракетна одбрана, се наведува во извештајот на Научниот совет на американското министерство за одбрана кој ќе биде претставен во Пентагон и на претседателот Обама.
Украдените документи Кина може да ги искористи при разработка на сопствен систем. Меѓу нив се и податоци за противавионскиот ракетен систем Патриот, противракетниот систем ТААД и бродско информациониот команден систем АЕГИС, како и информации за неколку типови на ловци и хелокоптери.
Кина не е директно посочена како виновник за кражбата на податоци, но според претставници на Пентагон станува збор за кинеска компанија која се занимава со кражба на американски воени тајни.
Поради големиот број сајбер напади, американското министерство за одбрана подготвил план за зголемување на бројот на експерти за борба против сајбар напади. Министерството сега има околу 900 експерти, а планот е бројот да се зголеми до 4.900.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


