Без разлика на вера и националост, посебно без разлика на вашата партиска припадност, дадете поддршка на зачувување на унитарноста, суверенитетот и самосталноста на нашата земја, напиша на својот ФБ профил поранешниот фудбалски репрезентативец Панче Ќумбев,
– Македонија била и во потешки искушениа, но ова е со сигурност едно од најтешките. Оставете ги партиите на страна, се работи за нашата мајка Македонија. Сите сме за тоа кој што правел криминал да си одговара пред народот и државата. Но сите сме за тоа и да не се продава нашиот идентитет, химна, знаме и пред се нашето име Македонија. Турци, Власи, Албанци, Роми, Бошњаци, Срби и сите што живеете во неа и ја сакате оваа земја обединете се и кажете им не на сите кој што се обидуваат да направат конфликт и немир меѓу нас обичниот народ. Сите сме за мирна и стабилна земја со иднина за нашите деца. Да ни живее мајка Македонија…, напиша Ќумбев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст