Авионот на високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија Федерика Могерини, утрово не успеа да слета на Меѓународниот аеродром во Сараево, па поради тоа е одложен состанокот со членовите на претставништвото на Босна и Херцеговина.
Нема информации кога ќе биде одржан состанокот со членовите на претставништвото на БиХ.
– Од изутринава поради густата магла ниту еден авион не слета на аеродромот – соопштија од Информативната служба на Меѓународниот аеродром во Сараево.
Имено, Могерини, која синоќа престојуваше во Подгорица, денеска во Сараево треба да се состане со Младен Иваниќ, Драган Човиќ и Бакир Изетбеговиќ.
Исто така, таа ќе разговара и со претседавачот на Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ и министерот за надворешни работи Игор Црнадак.
Звиздиќ пред состанокот со Могерини истакна дека таа носи многу важна порака за БиХ, а тоа е дека вратата на Евопската унија е отворена за земјата, но и дека брзината на нејзиното пристапување ќе зависи од динамиката на исполнувањето на условите што и се поставени на државата.
Могерини вчера ја започна нејзината балканска турнеја во Црна Гора, каде се состана со претставниците на Владата, политичките партии и Парламентот.
– ЕУ нема да биде целосна сè додека овој регион во срцето на Европа не биде обединет, како дел од нашата заедница – порача вчера Могерини за време на посетата на Подгорица.
Високата претставничка на ЕУ од 1 до 4 март ќе престојува во земјите од регионот, а освен Црна Гора и БиХ ќе ги посети и Македонија, Србија, Албанија и Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Могерини: ЕУ нема да биде целосна се додека земјите од Западен Балкан не станат членки
-
Хан: Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат да добијат позитивни одговори за евроатлантските интеграции
-
Могерини: Двете страни не направија горди, нас, Европејците со вин-вин изборот
-
Могерини: ЕУ да отвори преговори со Македонија